About this role
Beschreibung
Дали зборуваш германски на високо ниво и бараш стабилна работа во динамична, брзорастечка средина? Приклучи се на нашиот тим за корисничка поддршка во финансискиот сектор и добиј бонус за добредојде од 400 € бруто износ веднаш на почетокот! Проектот на кој ќе работиш е најголемата платформа за штедење во Европа , со седиште во Германија, која секојдневно ја користат повеќе од 10 милиони корисници во 18 земји . Како што бизнисот се проширува, ќе имаш многу можности да учиш, напредуваш и се развиваш во рамки на тимот.
Што нудиме?
- Бонус за добредојде од 400 € бруто износ;
- Почетна плата од 954 € нето износ;
- Можност за работа од дома или од канцеларија ;
- Договор за вработување на неопределено време;
- Одлична почетна плата + бонус од перформанс;
- Одлични можности за унапредување;
- Платена обука и континуирана поддршка;
- Работно време: 8 часовни смени во период од 24/7, ИЛИ во период меѓу 07-22 часот;
- Полиса за приватно здравствено осигурување;
- Придобивки од SportMaster;
- Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка;
- Онлајн центар за психолошко советување;
- Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University;
Како Консултант на германски јазик, ќе бидеш првата контакт точка за корисниците на една од најпознатите финансиски платформи во Европа.
Твоја главна одговорност ќе биде обработка на влезни повици и помош на клиентите со различни прашања – од информации за сметки и трансакции, до поддршка при користење на онлајн банкарски услуги.
Немаш претходно искуство во финансии? Нема проблем. Преку платената обука ќе ги научиш сите потребни работи и ќе стекнеш вредни знаења од областа на банкарството и финансиските услуги, со целосна поддршка од колегите и тим лидерите.
Што бараме?
- Одлично познавање на германски јазик (C1 ниво);
- Подготвеност за учење и работа во тим;
- Претходно искуство во корисничка поддршка е предност, но не е задолжително;
- Стабилна интернет конекција и мирна работна средина (за работа од дома);
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.