About this role
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Бараме: Магационер
#
Кои сме ние?
Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.000 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа и Африка.
„Нашата визија е да бидеме компанија БРОЈ ЕДЕН во примената на комплетни решенија во дистрибуцијата и логистичките услуги.”
По 28 години развој и посветеност, Нелт СТ стана синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Bambi, BIC, Jacobs, Chips way, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, , Duracell, SebaMed, Johnson&Johnson, Baby Food Factory.
Придружи се на тимот кој го води победнички менталитет, грижа и развој на луѓе, иновативност, лична одговорност и долгорочна перспектива.
Опис на позиција:
- Цел на позицијата: ефикасно складирање, манипулација и точно спремена роба за испорака кон комитентите.
- Припрема на роба за испорака кон комитентите.
- Манипулација со роба согласно постоечките процедури, која треба да резултира со точно спремена количина која е уредно спакувана и соодветно поставена на точно означено место за утовар.
- Проверка на залиха на пик позиција (по налог на претпоставен).
- Учество во квартални пописи на магацин.
- Одржување на хигиена и уредност во магацините.
- Управување на одговорен начин со ресурсите на компанијата кои му се доверени за работа.
- Пријава на настаната штета на ресурси кои му се доверени за работа, на Шеф на магацин или на Водич на смена.
- Секојдневно пријавување на оштетени артикли на пик позиции кои не се за во понатамошна употреба и нивно одложување на точно одредено место за отпис.
- Одговорен за одржување на високо ниво на соработка со останатите сектори во компанијата.
- Одговорен за заштита на корпоративните информации со кои е во допир.
- По налог на претпоставен, вработениот може да извршува и други работни задачи, за кои е здравствено способен и за кои е во склад со законските регулативи за безбедна работа.
- Оперативни состаноци со директно претпоставените со цел известување за спроведување на задачите и активностите во рамките на надлежност.
Основни услови:
- Образование: основно, степен на стручна спрема VIII
- Минимум 1 година работно искуство
- Soft вештини: комуникација, лична одговорност
- Технички знаења: познавање на работа со рачен хенд и со Вокал уред
Што нудиме?
- Работа во стабилна и успешна компанија со препознатливи брендови
- Можност за професионален развој и градење долгорочна кариера
- Поддршка и соработка со искусен и посветен тим
- Работна средина која поттикнува иницијатива, учење и напредок
- Работно време од понеделник до петок ( слободни викенди и празници)
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух
Кандидатот треба да поседува мотивација за учење, проактивен пристап и подготвеност за стекнување практични знаења во динамична и мотивирачка работна средина.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте на линкот најдоцна до 27.11.2026 год.