Оператори во контакт центар (реф. бр. 102026-013)

Mellon Group of CompaniesSkopje, Grad SkopjeOn-siteFull-timeMid level, 2–5 yearsListed 1 day ago

Apply now

About this role

Продолжуваме со проширување на контакт центар тимот во соработка со Македонски Телеком АД Скопје. За таа цел вработуваме:

ОПЕРАТОРИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

(реф. бр. 102026-013)

Работната позиција е наменета за кандидати за кои комуникацијата со луѓе е предизвик, сакаат да им помогнат на клиентите и имаат способност да препознаат можности за продажба на производи и услуги.

Опис на работната позиција

Како оператор во контакт центар ќе бидете задолжени за:

• Одговарање на влезни повици од корисници и обезбедување професионална корисничка поддршка,

• Давање основна техничка помош и насоки при користење на интернет, ТВ и телефонски услуги,

• Остварување излезни повици со цел презентација и продажба на телекомуникациски производи и услуги,

• Препознавање на потребите на клиентите и понуда на најсоодветно решение,

• Обезбедување позитивно корисничко искуство преку љубезна, професионална и ефикасна комуникација,

• Работа согласно утврдени процедури, стандарди за квалитет, јасно дефинирани цели и индикатори за успешност.

Профил на кандидатот

Ги охрабруваме да аплицираат кандидатите кои поседуваат:

• Одлични комуникациски вештини и способност за јасно и уверливо изразување,

• Изразена ориентираност кон клиентите и желба за обезбедување позитивно корисничко искуство,

• Трпеливост, смиреност и емпатија, особено при комуникација со корисници кои се соочуваат со технички проблеми,

• Продажни способности, градење доверба кај клиенти, идентификација на потреби и ефективно претставување на услуги,

• Чувство на одговорност, дисциплина и посветеност кон работата,

• Способност за брзо учење и усвојување нови знаења,

• Способност за работа во динамична средина и исполнување на поставени цели,

• Основно користење на компјутер, работење со повеќе апликации и познавање на MS Office,

• Тимски дух и позитивен пристап кон работата,

• Минимум завршено средно образование.

Јазични опции

• Течно познавање македонски јазик, ИЛИ

• Мајчин албански со одлично познавање на македонски јазик.

Што нудиме

• Платена обука од 4 часа на ден во траење од најмногу 1 месец каде ќе ги научите сите потребни процеси,

• Пријатна и стимулирачка работна атмосфера,

• Мотивациски бонуси за постигнати резултати од продажба и квалитет на испорачана услуга.

Важно

Работната позиција подразбира:

• Работа во смени, вклучително и втора смена,

• Работа за време на викенди и празници согласно распоред.

Аплицирајте денес

Испратете го Вашето CV и станете дел од тим кој го цени ангажманот и професионалниот пристап на секој член.

Мелон Солушнс Дооел е дел од Mellon Group , водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.