Агроном за полједелство

DEKRA Arbeit MacedoniaSkopje, Grad SkopjeRemote, On-siteFull-timeMid level, 2–5 yearsListed 1 day ago

Apply now

About this role

Во име на нашиот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

- Агроном за полједелство

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Агрономот за полјоделство е одговорен за стручно планирање, организирање, спроведување и контрола на земјоделското производство, со цел постигнување високи и стабилни приноси, оптимизација на производствените трошоци и одржливо користење на земјоделските ресурси.

КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

- Учествува во изготвување и реализација на годишните производствени и сеидбени планови, вклучувајќи избор на култури, семенски материјал, ѓубрива и средства за заштита на растенијата;
- Ги планира, организира, координира и контролира сите агротехнички операции, од подготовка на почвата и сеидба до жетва и прибирање на земјоделските производи;
- Редовно ја следи состојбата на посевите, почвата и климатските услови и предлага навремени мерки за оптимален развој на земјоделските култури;
- Изготвува и спроведува планови за исхрана, прихрана и заштита на растенијата, врз основа на потребите на културите и состојбата на посевите;
- Навремено идентификува појава на болести, штетници и плевели и предлага соодветни мерки за нивно спречување и сузбивање;
- Ги следи приносите, квалитетот на производството и производствените показатели, ги анализира отстапувањата и предлага мерки за подобрување;
- Учествува во планирање на производствените трошоци и следење на економската ефикасност на земјоделското производство;
- Ја координира работата на теренските тимови и операторите на земјоделската механизација, обезбедувајќи правилно и навремено извршување на работните операции;
- Врши контрола на правилната употреба и подесување на земјоделската механизација, со цел постигнување оптимален учинок и квалитет на извршените операции;
- Се грижи за зачувување и подобрување на плодноста на почвата, правилна примена на плодоредот и одржливо управување со земјоделското земјиште;
- Подготвува редовни извештаи и анализи за текот на земјоделското производство и предлага конкретни мерки за негово унапредување;
- Обезбедува почитување на законските прописи, стручните стандарди и процедурите за безбедност и заштита на животната средина.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО

- Завршено високо образование од областа на земјоделските науки, по можност насока полјоделство или сродна област;
- Најмалку 7 години релевантно работно искуство во земјоделско производство, со практично искуство во полјоделство;
- Докажано искуство во планирање, организирање и контролирање на земјоделски производствени процеси;
- Одлично познавање на современите агротехнички практики, технологиите на одгледување полјоделски култури, прихраната и заштитата на растенијата;
- Познавање на законската регулатива од областа на земјоделството и заштитата на животната средина;
- Компјутерска писменост и познавање на MS Office, особено Excel;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б-категорија;
- Подготвеност за редовна теренска работа и флексибилно работно време согласно сезонските потреби на производството;
- Познавање на современи технологии и дигитални алатки за следење и управување со земјоделското производство.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на [email protected]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]