Агент во контакт центар

Mellon Group of CompaniesSkopje, Grad SkopjeOn-siteFull-timeMid level, 2–5 yearsListed 3 weeks ago

Apply now

About this role

ПРИДРУЖИ НИ СЕ ВО МЕЛОН СОЛУШНС!

Агент во контакт центар

(реф. бр. 082026-011)

Дали сакаш работа каде што комуникацијата е твојата најголема предност?

Ако си комуникативен/на, упорен/на и знаеш како да водиш добар разговор, тогаш можеби токму тебе те бараме.

Во Мелон ќе бидеш дел од професионален тим кој соработува со водечките банки и финансиски институции во земјата. Ќе добиеш обука, поддршка и можност да стекнеш вредно работно искуство во динамична и модерна работна средина.

Што ќе работиш?

- Ќе комуницираш со клиенти на банки и финансиски институции преку телефон;
- Ќе помагаш во пронаоѓање соодветни решенија и договарање за исполнување на обврските на клиентите;
- Ќе учествуваш во кампањи за телефонска продажба и промоција на банкарски производи и услуги;
- Ќе обезбедуваш информации и поддршка во различни информативни кампањи;
- Ќе ги евидентираш разговорите и резултатите во современи дигитални системи;
- Ќе работиш според јасно дефинирани процедури и стандарди.

Кого бараме?

Бараме личност која:

- Има завршено најмалку средно образование;
- Има добри комуникациски способности и пријатен телефонски настап;
- Знае да слуша, преговара и да воспостави професионална комуникација;
- Основно се снаоѓа со компјутер и MS office;
- Е одговорна, организирана и ориентирана кон резултати;
- Искуство во продажба, грижа за корисници, наплата на побарувања или работа во контакт центар ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Што добиваш?

- Сигурна работа во стабилна и организирана компанија;
- Тимска средина каде што трудот и иницијативата се препознаваат и вреднуваат;
- Можност за учење, стекнување искуство и професионален развој;
- Поддршка и обука од искусен тим.

Доколку сакаш да бидеш дел од тим кој комуницира со илјадници клиенти секој ден и да стекнеш искуство во една од водечките компании во областа на контакт центрите, аплицирај и придружи ни се!